Бразилска симфонија за четвртфинале: Корејците без шанси против „кариоките“

99

Репрезентацијата на Бразил целосно ја надигра Јужна Кореја и за само едно полувреме си го обезбеди местото во четвртфиналето на Мундијалот во Катар.

„Кариоките“ славеа со 4:1 во второто денешно осминафинале, откако водеа со 4:0 уште во првите 45 минути. Стрелци за тимот на Тите беа Винисиус Жуниор, Нејмар, Ричарлисон и Пакета. Како што се одвиваа работите, Хрватите ќе имаат многу проблеми да се справат со првиот фаворит на турнирот во четвртфиналната борба.

Корејците успеаја да го оправдаат своето место во оваа нокаут фаза постигнувајќи почесен гол во 76. минута преку Сеонг-Хо.

ПретходноАнглија без Калум Вилсон против Франција
СледноОбјавен тајниот договор меѓу Јувентус и Аталанта за Кулушевски