Готово е: Роналдо од 1 јануари ќе игра за Ал Наср!

309

Готово е, барем според “Марка“. Имено Кристијано Роналдо од 1 јануари ќе игра за Ал Наср, за еден од најголемите клубови во Саудиска Арабија. Познато е дека според договорот, кој е на две години, Португалецот вкупно ќе добива околу 200 милиони евра, значи вкупно 400 милиони евра за две години.

Јасно е дека со ова Роналдо ќе му каже збогум на врвниот фудбал, дека ќе игра на стадион со капацитет од 25.000 гледачи, но исто така е јасно дека тој ќе заработи речиси половина милијарда евра за само две години и тоа најмалку.

ПретходноЛевандовски „прсна“ од смеење, доби интересно прашање на кое не даде одговор!
СледноМарко Ѓорѓиевски не е веќе член на А. Пандев!