Гоце Седлоски: Се разбира дека навивам за Хрватска!

272

Гоце Седлоски е еден од нашите најдобри тренери, некогашен капитен на нашата А-репрезентација, забележа 100 настапи во дресот со државниот грб, а сега е стратег на Шкупи на кого по 20 години му ја донесе титулата.

Во пресрет на дуелот од 1/8 финалето на СП меѓу Јапонија и Хрватска, тој за “Спортмедиа“ го дава своето мислење. А ние го одбравме Седло и поради фактот дека тој играше во Хрватска (Хајдук и Динамо) но и во Јапонија (Вегалта).

Секоја чест за Јапонците и нивната селекција, но се разбира дека навивам за Хрватска. Зарем треба да образложувам зошто е тоа така. Сакам Хрватите да одат што подалеку на овој Мундијал, имаат одличен тим и според мене најдобар среден ред во светот. Сето тоа ми дава надеж дека попладнево ќе слават против Јапонија. Од друга страна свесен сум дека нема да биде лесно. Репрезентацијата од Далечниот исток и тоа како покажа квалитет, впрочем ги победи и Германија и Шпанија, но ако Модриќ и другарите одиграат како што знаат и како што треба тогаш ќе имаат големи шанси за пласман во следната фаза. И не само јас, речиси сите фанови дод овие простори денеска ќе бидат за Хрватска“ посочи Седлоски.

ПретходноКостески: Остваривме две гостински победи, зошто ова да не биде третата?
СледноЛевандовски „прсна“ од смеење, доби интересно прашање на кое не даде одговор!