Германскиот бундеслигаш Штутгарт го објави името на новиот тренер, а тоа е Бруно Лабадија. Всушност Лабадија се враќа на кормилото на „швабите“ потпишувајќи договор до 30 јуни 2025 година. Тој доаѓа на местото на Пелегрино Матарацо кој замина пред два месеци.
Лабадија работеше во Штутгарт од 13 декември 2010 до 26 август 2013 година и го предводеше тимот на 119 натпревари остварувајќи 50 победи, 24 ремија и 25 порази. Тој работеше уште во Хамбургер, Баер Леверкузен, Волфзбург, а последен клуб му беше Херта со која „раскина“ во јануари 2021 година.
„Во Штутгарт минав убав период од мојот живот. Среќен сум што се вратив. Со тренинзи почнуваме на 12 декември. Ќе се обидам што е можно побрзо да го запознаам тимот и да видам што може да се направи за да се подобрат перформансите“, изјави Лабадија.