Левандовски „прсна“ од смеење, доби интересно прашање на кое не даде одговор!

299

Полска го заврши својот настап на Светското првенство во Катар, откако во осминафиналето беше совладана од Франција со 3-1, која оди во четвртфиналето.

Со овој Мундијал Полска се збогува со само три постигнати гола. Два од тие три гола ги постигна Роберт Левандовски. По мечот фудбалерот на Барселона зборуваше за можен настап на Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во Канада, САД и Мексико.

„Во првото полувреме игравме многу добро, имавме шанси, доколку ги материјализиравме се ќе се сменеше, но голот што Французите го постигнаа во последните минути влијаеше на нас.

Дадов се од себе. Се трудевме, но Франција има многу вреден тим. Дадов гол, но кога играш против светскиот шампион, нормално е дека е тешко. Физички не се плашам од Мундијалот во 2026 година, но има многу други фактори кои можат да влијаат на тоа, желба, радост, има многу аспекти кои мора да се земат предвид“, изјави Роберт Левандовски.

На крајот од интервјуто Роберт Левандовски беше запрашан за кого сега навива на Мундијалот, по елиминацијата на Полска.

Напаѓачот на Барселона не даде одговор, но се насмеа кога го слушна прашањето.

Сега Левандовски ќе има кратка пауза, а потоа ќе се врати во Барселона, со која ќе се обиде да ја освои Европската лига и шпанското првенство.

ПретходноГоце Седлоски: Се разбира дека навивам за Хрватска!
СледноГотово е: Роналдо од 1 јануари ќе игра за Ал Наср!