Истрагата за наводните финансиски неправилности во Јувентус од страна на јавниот обвинител од Торино собра огромни количини докази, вклучувајќи прислушувани разговори и документи земени во рациите во нивните канцеларии.
Тие вклучуваат и таканаречени тајни договори кои се поврзани со официјални трансфери, но ефективно надвор од официјалните книги. Стефано Фелти, директорот на весникот „Ил Домани“, објави примерок од договор потпишан од директорот на Аталанта, Лука Перкаси, на 30 декември 2019 година.
„Јас, долупотпишаниот Лука Перкаси, како генерален директор на Аталанта БЦСпА („Аталанта“), во врска со дефинитивниот трансфер на играчот Дејан Кулушевски во Јувентус ФЦСпА („Јувентус“), ветувам дека ќе купам играч од Јувентус – предложен од клубот – за вредност од 3 милиони евра + ДДВ, не подоцна од 30.06.2020 година“.
Официјално, Јувентус го купи Кулушевски од Аталанта за 35 милиони евра, плус до 9 милиони евра бонуси во јануари 2020 година и го остави на позајмица во Парма до 30 јуни. Ова ветување за ангажирање на играч од Јуве се чини дека е завршено во јуни 2020 година кога Аталанта го купи Симоне Мураторе за 7 милиони евра, што претставува капитална добивка од 6 милиони евра за „Бјанконерите“.
Мураторе веднаш беше позајмен на Реџаана, потоа на португалската Тондела, а допрва треба да настапи за Аталанта. Кулушевски не остана долго во Јувентус, бидејќи беше позајмен во Тотенхем во јануари 2022 година со опција за откуп, која под одредени околности станува обврска.
Juventus, Atalanta, Sassuolo: la serie A distorta dalle plusvalenze è una farsa sportiva https://t.co/0XwzpOb1Kb pic.twitter.com/aNwuf78S45
— Stefano Feltri (@StefanoFeltri) December 5, 2022