Енрике: Затоа фудбалот е прекрасна и возбудлива игра

362

Шпанија е елиминирана од СП. Поранешниот светски првак падна во дуелот со Мароко во осминафиналето и тоа на пенали. Селекторот Луис Енрике ќе биде на тапет наредните денови, а тој вели дека прво нека се смират работите па потоа ќе се разговора за евентуална негова смена.

Мораме да му честитаме на ривалот. Тие одиграа паметно и цврсто. Беа подобри од нас во шутирањето на пенали. Фудбалот е прекрасна и возбудлива игра. Токму овој меч тоа и го покажа. Јасно е дека еден тим може да победи без да напаѓа. Ние се трудевме да доминираме, да напаѓаме повеќе. Тоа не чинеше многу, имавме најмалку 11 шутеви од кои една статива… Сепак, горд сум на момците. Одиграа добар меч“, изјави Енрике.

За пенал-рулетот. Шпанците ги промашија сите три пенали.

Јас ги одбрав првите тројца изведувачи. Останатите сами се договараа во зависност од тоа кој се чувствува спремен и психички и физички. Боно (мароканскиот голман) е одличен голман со висок процент на одбранети удари. На крајот жал ми е за навивачите, за поддршката што ни ја дадоа“, додаде шпанскиот селектор.

За иднината:

Што следува? Не знам. Не е ни време сега… Сега си одам дома и да се видам со мојата фамилија и моите пријатели. Следната недела ќе разговарам со претседателот и ќе видам што мислат тој и неговите соработници“.

 

ПретходноФото за паметење на Мароканците
СледноГабриел Жезус го оперираше коленото