Селекторот на Јужна Кореја, Пауло Бенто ја напушта функцијата по поразот од Бразил со 1:4 во осминафиналето на Светското првенство. Сепак, тој тврди дека одлуката е донесена многу пред денешниот натпревар.
Бенто објасни дека денешниот резултат не бил причина за неговото заминување, туку одлуката била донесена уште во септември. Со репрезентацијата на Јужна Кореја работи од август 2018. Во овој период Корејците одиграа 57 натпревари под негово водство од кои победија на 35.
„Тоа е одлука што ја донесов уште во септември. Среќен сум и горд што бев тренер на оваа група. Ќе се одморам и потоа ќе видам што ќе правам. Денешниот резултат е фер. Подобриот тим продолжува понатаму, кој е голем фаворит за титулата. Горди сме на она што го постигнавме“, изјави 53-годишниот тренер.