Португалците ја „размонтираа“ Швајцарија (6:1), Рамос им даде три гола (видео)

230

Португалија е последниот патник во четвртфиналето на Светското првенство откако вечерва беше подобра од Швајцарија со 6:1. Португалците одиграа фантастичен меч, а херој на мечот беше фудбалерот на Бенфика Гонсало Рамош кој постигна хет-трик.

Со тоа Рамош е само вториот Португалец со хет-трик на Мундијалите по легендарниот Еузебио на СП 1966.

21-годишниот Рамош го отвори резултатот во 17. Минута, а водството го зголеми Пепе во 33 минута. На полувреме се отиде со 2:0.

Во 51 минута повторно погоди Рамош, а четири минути подоцна на 4:0 зголеми Рафаел Гереиро. Во следната акција Аканџи намали за Швајцарија, а третиот гол Рамош го постигна во 67 минута со прекрасен лоб удар.

Во финишот и Роналдо, кој влезе во вториот дел, постигна гол но беше поништен поради офсајд. Но тоа не беше се. Рафаел Леао ги „дотолче“ Швајцарците со голот во 90 минута.

Во четвртфиналето Португалија ќе игра против репрезентацијата на Мароко која сензационално ја елиминира Шпанија.

ПретходноГабриел Жезус го оперираше коленото
СледноTермините на сите четвртфинални дуели на СП