Последна рунда до четвртфинале: Мароко знае како и со „фуријата“, Португалија или Швајцарија?

211

Шпанија го пречекува Мароко во една од последните 1/8-финални пресметки на програма на Светското првенство во Катар. Шпанците кои важат за еден од фаворитите за тронот, во ова осминафинале влегуваат по изненадувачкиот пораз од Јапонија во последното коло од групната фаза. Иако поразот многумина го нарекоа одлука на Енрике за Шпанија да ја избегне Хрватска во осминафиналето, сепак Мароко е доволно квалитетен да им направи еднакви проблеми на Шпанците на денешниот дуел.

Шпанците беа елиминирани токму во 1/8-финалето на Светското првенство во 2018 година. Досега никогаш во својата историја „црвената фурија“  не била елиминирана во оваа фаза во две последователни изданија на светските првенства, па денешен неуспех со Мароко ќе биде уште едена црна страница од ниваната историја на Мундијалите. Мароканците, пак, освоија седум бода од девет можни во групата и беа доминантно први и во денешниот меч влегуваат сериозно мотивирани за нов успех.

Мароко е една од двете африкански селекции кои се пласираа во елиминациите, но Сенегал веќе е елиминиран по поразот од Англија пред два дена. Мароко само вторпат во својата историја ќе игра во осминафиналето, откако последен пат во оваа фаза се најде на Мундијалот во Мексико 1986 година.

 

Во вториот дуел вечерва Португалија се среќава со Швајцарија. Избраниците на Фернандо Сантош имаат амбиции да стигнат до финалето, но мора да потврдат дека научиле нешто од своите грешки, бидејќи по финалето 1996 година, само еднаш досега стигнале до четвртфиналето. Швајцариците, пак, ќе сакаат да ја прекинат негативната серија од четири последователни елиминации во оваа фаза.

По натпреварот со Србија, Мурат Јакин рече дека неговите момци ќе дадат се од себе за да го добијат мечот со Португалија, а нивниот последен дуел во Лигата на нации покажа дека тоа е можно, затоа што Швајцарија успеа да слави со 1:0.

 

ПретходноИ Ј. Кореја остана без селектор: Бенто си заминува по елиминацијата од Бразил
СледноНаполи и Интер сакаат да го вратат Кеси во Италија, Барса не го пушта