Новак Ѓоковиќ се најде на списокот на учесници за Австралија Опен. Она што беше јасно кога му беше укината забраната за влез во земјата, сега е и официјално потврдено.
Се појави списокот со играчи кои ќе играат на првиот Грен слем во новата сезона и на него стои името на српскиот ас. Ноле е петти на таа листа, зад Карлос Алкараз, Рафаел Надал, Каспер Руд и Стефанос Циципас, а зад него меѓу пријавените се и Феликс Ожер-Алиасим, Данил Медведев и други.
Ѓоковиќ на стартот на новата година повторно ќе игра во Мелбурн и ќе се обиде да го крене трофејот во ова натпреварување по 10-ти пат.
Australian Open men’s entry list pic.twitter.com/plWdik9y17
— Michal Samulski (@MichalSamulski) December 5, 2022