Вчера, во Скопје, почина Проф. Д-р Милош Вучидолов, основополжник на спортската медицина во Република Македонија, прв претседател на Здравствена комисија на МОК, главен спортски доктор на спортистите – олимпијци од Македонија и поранешна СФРЈ, човек кој на многу врвни спортисти/олимпијци им помогна во ситуации на сериозни спортски повреди, им помагаше на сите со правилна исхрана и соодветна физичка подготовка да бидат што подобро подготвени за учество на Олимписките игри, Светските, Европски и други првенства.
Доктор “Вучи“ беше добитник на многубројни признанија и награди од МОК, од Меѓународниот олимписки комитет, од Меѓународната боречка федерација, од државата (Државна награда „8 Септември“ за животно дело) и други национални и меѓународни спортски институции.
Како главен доктор на најдобрите македонски и југословенски спортисти, учествуваше и на Олимписките игри Минхен 1972, Монтреал 1976, Москва 1980, Лос Анѓелес 1984, Сеул 1988, Барселона 1992, Атланта 1996, Сиднеј 2000 и Атина 2004.