Репрезентацијата на Мароко е 1/4 финалист на Мундијалот во Катар, откако предмалку во 1/8 финалето ја совлада фаворизираната Шпанија со 3:0, на пенали, откако регуларните деведесет, а и 120. минути завршија без голови 0:0.
Херој на африканската репрезентација е голманот Боно, кој во пенал серијата, царуваше, беше брилијантен и ги одбрани до еден пеналите на Шпанија. Сарабија, Солер и Бускец беа неуспешни, а од другата страна пак сигурни Сабири, Зијеш и Хакими.
МАроко на овој дуел едноставно заслужи да мине понатаму, затоа што одигра херојски 120 минути, претрча стотици километри, имаше шанси дури и да победи во регуларниот дел. Шпанија пак мораше подобро, затоа што беше фаворит, но од друга страна стана јасно дека „Фуријата“ нема генерација за највисоки дострели како некогаш и младите кои се дел од стартните единаесет во моментов ќе мора да созреат па да се надеваат на нешто големо.