Медиумите во Франција ја пренесоа предмалку информацијата дека Килијан Мбапе го пропуштил тренинг на репрезентацијата. Поточно доработил индоводуален тренинг, а причината за тоа не е позната.
Ова секако дека е знак да почне серозно да се шпекулира со двојниот стрелец на „Триколорите“ на последниот 1/8 финален дуел, односно со неговата физичка состојба, и дали тој можеби е повреден. Дали неговиот настап в сабота против Англија во рамките од 1/4 финалето на Мундијалот во Катар е можеби доведено во прашање. Во секој случај, што и да е точната ситуација, истата ќе биде објавена многу бргу.