По победата од 4:1 над Јужна Кореја во осминафиналето на СП 2022, ѕвездата на Бразил, Нејмар откри дека не спиел ноќта пред натпреварот, а во часовите по повредата на скочниот зглоб плачел.
“Бев многу исплашен поради повредата, бидејќи сè одеше многу добро во текот на сезоната. Беше крајно непријатно да се добие таква повреда. Плачев цела ноќ поради тоа, моето семејство знае за тоа. Но, сè излезе добро. Време е да одиме подалеку од претходните првенства. Сонуваме за трофеј, но мораме да одиме чекор по чекор“, рече Нејмар.