Екипата на Вардар го доби големото дерби на 6. коло во Првата лига, на домашен терен славеше против актуелниот бранител на шампионската титула – Бадел 1862 со сигурни (69:55).
Тоа е и шеста по ред победа за Вардар во новата сезона која ги држи на водечката позиција на табелата.
Многу потешка работа имаше Баскет Кам 2011. Актуелниот освојувач на Купот, и ко-лидерот на табелата со судни маки стигна до триумфот на гостувањето кај МЗТ Скопје Аеродром (80:77), и го задржа стонастониот ефект.
До првата победа во прволигашката конкуренција стигнаа кошаркарките на Гризли, беа подобри од Пробаскет (70:38), а до втората, младиот состав на Крива Паланка, на домашен терен, против Струга 2009 (70:63).
ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ
ПРВА „А“ ЛИГА
РЕЗУЛТАТИ 6. КОЛО
Крива Паланка – Струга 2009 70:63
Гризли – Пробаскет 70:38
МЗТ Скопје Аеродром – Баскет Кам 2011 77:80
Вардар – Бадел 1862 69:55
ТАБЕЛА: Вардар 12, Баскет Кам 2011 12, МЗТ Скопје Аеродром 9, Бадел 1862 9, Струга 2009 9, Крива Паланка 8, Гризли 7, Пробаскет 6;
ИДНО КОЛО (10.12)
Пробаскет – Крива Паланка
Струга 2009 – МЗТ Скопје Аеродром
Бадел 1862 – Гризли
Баскет Кам 2011 – Вардар