Како дел од годината во која се одбележува 30-годишнината од македонската ракометна репрезентација во машка конкуренција, Ракометната федерација подготвува голем ракоменетн спектакл. Настанот треба да се одржи на почетокот на следната година, а ќе опфати меч на актуелниот национален тим и една селекција составена од поранешните македонски ракометни репрезентативци.
Мечот ќе се игра на 3 јануари во СЦ „Борис Трајковски“. Тоа ќе биде одличен вовед и за настапот на нашата репрезентациа на престојното Светско првенство.
Мечот исто така треба да биде искористен и како проштални натпревари на нашите довчерашни репрезентативци, Кирил Лазаров, Стојанче Стоилов и уште неколку екс-репрезентативци кои немаа можност на ваков начин да се простат со македонската публика.