Бобан Бабунски повеќе нема да биде тренер на екипата на Победа. На коло пред крајот на ПМФЛ есенската полусезона, прилепчани остануваат без тренер и во последното коло на гостувањето во Штип кај Брегалница, ќе ги води некој друг.
Заминувањето на Бабунски е само последица на се она што есенва се случуваше во Прилеп, и во името на Победа. Беспарица, донење со плати, штрајкови и нормално ред порази и место за испаѓање на табелата.
Сето ова очигледно дека е премногу и за искусниот стратег кој иако имаше визија на тимот на Победа на стартот на сезоната очигледно истата не е спроведлива во пракса во моментов во Прилеп.