Мароканската репрезентација ја елиминира Шпанија и за првпат во историјата се пласира во четвртфиналето на Светското првенство. Беа трпеливи, смирени и паметни и сигурни во пенал рулетот.
Ја исфрлија големата Шпанија, поранешниот светски првак, гигантот со бројни ѕвезди во екипата.
По мечот следуваше моментот за паметење. Мароканците се помолија на Бог за помошта и за историскиот подвиг.