Шпанија со антирекорд на Мундијалите

229

Репрезентацијата на Шпанија постави антирекорд на Светските првенства како првиот тим кој загубил четири меча по изведување на пеналите. „Фуријата“ доживеа пораз од Мароко на пенали и испадна од СП 2022.

Интересно е што селекторот Луис Енрике им дал „домашно“ на фудбалерите да шутнат 1000 пенали пред да дојдат на СП во Катар, но очигледно некои не си ја „напишале“ домашната работа.

Шпанија е втората репрезентација која ги промашила сите пенали во пенал-рулетот по Швајцарија против Украина на СП 2006.

За „фуријата“ денеска не погодија Сарабија, Карлос Солер и Серхио Бускетс.

 

Енрике: Им дадов „домашно“ на играчите, да шутнат 1000 пенали пред Мундијалот

ПретходноФернандо Сантош: Не е перфектен, но е успешен настап
СледноВалтер: Ова не треба да биде изговор, но бевме премногу уморни!