Е.Пелистер не успеа да дојде до третата победа во Европската лига. Гостувањето кај Бидасоа Ирун сепак беше претешка задача за ракометарите на битолскиот тим, беа совладани со 32-20 во битката за третото место на табелата во групата Д.
Македонскиот вицепрвак мечот го загуби во првото полувреме, во овој дел постигна 12 поени, а прими 20. Покрај ова имаше многу технички грешки (14), па против еден противник како што е Бидасоа истите се недозволиви.
Кизиќ со оусм одбрани беше единствената светла точка. Хенеберг имаше пет гола од девет обиди, Танкоски запиша четири од осум обиди.
Шпанскиот состав одржуваше позитива од два гола и тоа во периоди кога имаше играч помалку на теренот. По 8-7, домашниот тим со серија од 5-1 поведе со 13-8 во 19 минута. Во меѓувреме Ларс Валтер повика тајм-аут, но тоа не промени ништо. Ракометарите на Бидасоа ја зголемуваа позитивата, која на одморот изнесуваше 20-12.
Во вториот дел на голот на Е.Пелистер застана Марко Кизиќ, запиша пет одбрани. Двата тима беа пет минути без постигнат гол, мразот го скрши Костески, додека пак шпанскиот клуб во овој дел успеа да реализира дури во 38 минута, Митиќ го совлада македонскиот репрезентативец. Бидасоа поведе со 11 гола разлика (26-15) во 44. минута. До 48 минута, ракометарите на Е.Пелистер постигнаа само три гола.
До крајот не се промени ништо, битолчани беа бледо издание, играа под своите можности. За една недела ќе имаат шанса на домашен терен против истиот тим да покажат дека имале лош ден.