Легендата на камерунскиот фудбал Самуел Ето (41) удри навивач на Мундијалот! Познатиот фудбалер, а сега и претседател на националната федерација на Камерун ги загуби нервите по натпреварот меѓу Бразил и Јужна Кореја и влезе во физичка пресметка со еден навивач.
Иако не се знае што точно го предизвика, камерите снимија се. Навивачите на крајот од мечот му пријдоа на Ето и се сликаа со него, тој беше љубезен, се додека за тоа време еден човек со камера во рака снимаше крај него. Иако не може да се слушне што точно си кажаа меѓусебе, се гледа моментот кога Ето полуде и се степа со навивачот, по што реагираше обезбедувањето.