За разлика од АБА-лигата, МЗТ Скопје и натаму без проблем ја завршува секоја задача во домашниот шампионат. Актуелниот македонски првак на домашен терен убедливо славеше на дуелот против Еуро Никел сп 77-51 во последниот меч од осмото коло во Првата лига.
Робев со 17 поени и Јигитоглу со дабл-дабл од 16 поени и 13 скока беа лидери кај МЗТ Скопје каде браќата Стојановски постигнаа заедно 21 поен. На другата страна Пјаниќ со 14 поени и 6 скока беше единствена светла точка.
Изедначена битка имаше само во првата четвртина, која избраниците на Александар Петровиќ ја завршија со позитива од два поени (17-15). Дуелот го репија во следните два периоди, добивајќи ги со 41-22. Позитива од 58-37 беше доволна за мирен финиш и триумф број седум оваа сезона.
На другата страна го запиша четвртиот пораз, со исто толку победи дојде до скор ист како петтопласираниот ТФТ и Работнички.