Катар се збогува со стадионот „974“: Контејнерскиот стадион ќе се расклопи и донира

1829

Мечот меѓу Јужна Кореја и Бразил (1-4) во осминафиналето на Светското првенство, практично стави крај на употребата на Стадионот 974 во Доха, кој беше наменски изграден за потребите на овој Мундијал. Како што најавија Катарците и пред СП, овој стадниот е првиот во историјата на Светските првенства што ќе биде целосно расклопен.

Без повторно да се организираат фудбалски натпревари, стадионот 974 направен од исто толку контејнери, во иднина ќе биде дониран и повторно изграден на друга локација. Засега фаворити се африканските земји кои се пријавија да го добијат како донација од Катар, но исто така и Уругвај.

Од останатите седум стадиони, само на најголемиот, Лусаил, ќе биде демонтирана целата структура со 80.000 седишта, откако ќе биде домаќин на финалето на Светското првенство. Уште шест арени ќе бидат делумно демонтирани.

ПретходноПОТВРДЕНО: Ѓоковиќ се најде на официјалната листа на учесници на Австралија Опен
СледноЕ.Пелистер пред нова тешка задача во Европската лига!