Американската атлетичарка на 400 метри со пречки, Сиднеј Меклафлин-Леврон и шведскиот рекордер во скок со стап, Арманд Дуплантис, беа прогласени за атлетичари на годината на церемонијата во Монако организирана од Меѓународната асоцијација на атлетски федерации.
Меклафлин-Леврон (23) двапати го соборуваше светскиот рекорд на 400 метри со пречки за жени, додека Дуплантис, која исто така го држи светскиот рекорд во скок со стап, ја освои својата втора титула во Дијамантската лига.
Ова е второ признание во последните три години за летечкиот Швеѓанец, кој го подобри светскиот рекорд во 2022 година и ја освои светската титула во сала во март во Белград со прескокнати 6,20 метри, а ја освои и светската титула на отворено со скок од 6,21 метри во Јуџин, САД во јули.