Наполи и Интер сакаат да го вратат Кеси во Италија, Барса не го пушта

156

Барселона нема намера да се раздели со Френк Кеси во јануари, иако фудбалерот не е среќен на „Камп Ноу“. Каталонците одбија три понуди за 25-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска кои веќе пристигнале во клупската управа.

Станува збор за понуди од италијанските тимови Наполи и Интер, како и од еден неименуван англиски премиерлигаш.

Барселона сака да го задржи барем до крајот на сезоната и се надевам дека ќе може да го искористи неговото присуство во вториот дел од сезоната. Исто така една од причините зошто Барселона не сака да му дозволи да замине во јануари е и фактот дека доколку Кеси замине, Каталонците нема да можат да добијат замена за него, поради финансискиот фер-плеј.

ПретходноПоследна рунда до четвртфинале: Мароко знае како и со „фуријата“, Португалија или Швајцарија?
СледноПо фијаското на Мундијалот: Оливер Бироф си замина од германската федерација