Понижување и дно на кариерата за Роналдо: Ниту Португалците не го сакаат повеќе!

3181

Кристијано Роналдо минува низ многу тежок период во животот и кариерата. По разделбата со Манчестер Јунајтед и бурите кои ги помина, сега стигна нова информација која сигурно ќе му падне тешко.

Имено, Португалија заврши на првото место во групата Х со шест бода каде победи против Гана и Уругвај, а беше поразена од Јужна Кореја. Роналдо постигна еден гол од пенал во триумфот против Гана.

Сепак, тоа не му помогна многу кога станува збор за мислењето на навивачите на Португалија. Оваа репрезентација денеска игра осминафинален натпревар против Швајцарија, пред истата е спроведена анкета за Роналдо, а резултатот е понижувачки.

Португалскиот весник „А Бола“ објави анкета во која ги праша своите читатели дали Роналдо треба да биде во стартниот тим против Швајцарија, а 70 отсто од нив одговориле дека не треба.

„Зошто да игра од почеток? Не играл во првиот тим на клубот, не е во форма, вели дека сака да се бори за титули, а на секои седум дена се разболува“, праша еден од навивачите.

„Не треба ни да биде повикан по се што се случи во Манчестер Јунајтед“, додаде друг, алудирајќи на интервјуто на Португалецот со Пирс Морган што доведе до раскинување на неговиот договор со „црвените ѓаволи“.

Еден од фановите реши фер да се пошегува со Роналдо, пишувајќи дека тој не е ЦР7 туку ЦР37, алудирајќи на неговите години.

Сепак има и такви кои го бранат, бидејќи Роналдо во дресот на Португалија има 194 настапи за кои постигна 118 голови, со оваа земја освои Европско првенство и Лига на Нации.

ПретходноСудиска анализа: Судењето без грешка изминатиот викенд во ПМФЛ и ВМФЛ!
СледноВан Гал ја знае маната на Меси: Тоа е нашата шанса!