ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Дебито за Вардар, Гризли Баскет до историски триумф!

101

Екипата на Вардар го доби големото дерби на 6. коло во Првата лига, на домашен терен славеше против актуелниот бранител на шампионската титула – Бадел 1862 со сигурни (69:55).

Тоа е и шеста по ред победа за Вардар во новата сезона која ги држи на водечката позиција на табелата.

Многу потешка работа имаше Баскет Кам 2011. Актуелниот освојувач на Купот, и ко-лидерот на табелата со судни маки стигна до триумфот на гостувањето кај МЗТ Скопје Аеродром (80:77), и го задржа стонастониот ефект.

До првата победа во прволигашката конкуренција стигнаа кошаркарките на Гризли, беа подобри од Пробаскет (70:38), а до втората, младиот состав на Крива Паланка, на домашен терен, против Струга 2009 (70:63).

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

ПРВА „А“ ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 6. КОЛО

Крива Паланка – Струга 2009  70:63

Гризли – Пробаскет         70:38

МЗТ Скопје Аеродром – Баскет Кам 2011   77:80

Вардар – Бадел 1862      69:55

ТАБЕЛА: Вардар 12, Баскет Кам 2011 12, МЗТ Скопје Аеродром 9, Бадел 1862 9, Струга 2009 9, Крива Паланка 8, Гризли 7, Пробаскет 6;

ИДНО КОЛО (10.12)

Пробаскет – Крива Паланка

Струга 2009 – МЗТ Скопје Аеродром

Бадел 1862 – Гризли

Баскет Кам 2011 – Вардар

ПретходноСите молчат и слушаат: Говорот во соблекувалната што ја одведе Франција 1/4 финале!
СледноПрва машка тенис двојка која јавно призна дека е геј