Сите молчат и слушаат: Говорот во соблекувалната што ја одведе Франција 1/4 финале!

368

Франција се пласираше во осминафиналето со победата против Полска, но одигра многу лошо прво полувреме иако водеше со 1:0. На полувремето имаше говор во соблекувалната што промени се.

Станува збор за мотивациски говор кој го одржа дефанзивецот Рафаел Варан, кој на тој начин го подигна моралот кај него и кај соиграчите.

„Ние сме во осминафиналето на Светското првенство, ги живееме нашите соништа, но тоа може да заврши во секој момент ако продолжиме да играме вака. Не се бориме еден за друг, не се надополнуваме како што треба. Не зборувам за некој конкретно, мислам на целиот тим. Мораме да покажеме нешто друго“, рече Варан.

Франција се пласираше во осумте најдобри на турнирот, а во четвртфиналето ќе се сретне со Англија, мечот се игра на 10. декември.

ПретходноВан Гал ја знае маната на Меси: Тоа е нашата шанса!
СледноПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Дебито за Вардар, Гризли Баскет до историски триумф!