Десет асистенции на Димитријевиќ, Уникс им се врати на победите

77

По вториот пораз од ЦСКА Москва предводена од Емил Рајковиќ, Уникс Казан им се врати на победите. На гостувањето кај Енисеј славеа со 79-89 во рамките на 15 коло во ВТБ лигата.

Тимот за кого настапува Ненад Димитријевиќ ја загуби само првата четвртина (22-16), а потоа фати ритам. Најдобриот македонски кошаркар имаше десет асистенции, постигна и шест коша.

Во игра мина 26 минути имаше 0/1 за три и 3/5 за два поени, на својот учинок додаде една украдена топка и две изгубени топки.

ПретходноИнфантино: Нема веќе мали и големи репрезентации
СледноЛошо за Англија, не тренираат Деклан Рајс и Калум Вилсон