Драма во пресметката меѓу Јокиќ и Дончиќ (ВИДЕО)

260

Во НБА-лигата се одигра дерби мечот меѓу тимовите на Никола Јокиќ и Лука Дончиќ, а победата ја однесе Далас, кој славеше со минимални 116-115 на гостувањето кај Денвер.

Словенецот имаше трипл-дабл на оваа средба од 22 поени, 10 скока и 12 асистенции, но сигурно ќе сака што побрзо да го заборави овој натпревар, бидејќи во самиот финиш на негови грешки и промашувања противникот се врати во игра, на голема среќа не успеа да го задржи краткото водство. Далас водеше со 111-101, по што следеше серија на Нагетси од 11-0 за 111-112.

На другата страна Јокиќ зад своето име запиша 19 поени, осум скока и осум асистенции, промаши слободно фрлања во самиот финиш на дуелот. Во неговиот тим најдобар беше Гордрон со 27 поени, додека кај победникот Хардавеј со 29 поени.

Кливленд ја прекина серијата на Лејкерс од три победи во низа, на домашен терен славеше со 116-102. Во составот на „езерџиите“ не беше Ентони Дејвис, кој поради грип не можеше да им помогне на своите соиграчи. Во последните два меча Дејвис постигна 99 поени.

Резултати: Кливленд – ЛА Лејкерс 116-102, Мајами – Детроит 96-116, Денвер – Далас 115-116.

ПретходноРоналдо со еден потег предизвика „земјотрес“ во Португалија!
СледноКристијано Роналдо откри дали потпишал за Ал Наср!