Германскиот фудбалски сојуз на својата официјална веб-страница објави дека актуелниот селектор на германската репрезентација Ханси Флик ќе продолжи да работи на својата позиција и да го подготвува тимот за домашното ЕУРО-2024.
Претседателотна германската федерација, Бернд Нојендорф ја коментираше одлуката да му се даде уште една шанса на поранешниот менаџер на Баерн Минхен.
„Сите сме убедени дека Европското првенство во нашата земја во 2024 година претставува одлична можност за фудбалот во Германија. Нашата цел е овој турнир да биде спортски успех. Ние сме целосно уверени дека Ханси Флик ќе може да се справи со тоа. Тој ќе се справи со овој предизвик заедно со тимот“, изјави Бернд Нојендорф.
Претходно се шпекулираше за смена на Ханси Флик од функцијата селектор на германската репрезентација поради тоа што „Бундестимот“ не можеше да ја мине групната фаза на СП 2022.