Тијери Анри, некогашниот репрезентативец на Франција, иконата на Арсенал и некогашен член на уште неколку клубови, досегашен асистент на довчерашниот селектор на “ѓаволите“ Роберто Мартинез е главен кандидат за нов селектор на Белгија.
Во случај да биде селектор тогаш негов прв асистент ќе биде Томас Вермален, некогашен дефанзивец на Белгија, на Барселона и Арсенал.
Јасно е дека Анри ќе го чека напорна работа ако се знае дека неминовно треба да дојде до смена на генерацијата, а утринава капитенот Еден Азар најави дека нема намера повеже да игра за својата селекција.