Ф1 потврди: Догодина календарот ќе вклучува 6 спринт-трки

76

Формула 1 и официјално ја одобри листата на Гран При трки, која ќе вклучува спринтерски викенди во сезоната 2023 година.

Во новата сезона бројот на спринтови во Формула 1 ќе се удвои во однос на минатиот шампионат и ќе има вкупно шест тркачки викенди со спринтерски трки.

Спринтовите ќе се одржат како дел од ГН на Азербејџан, ГН на Австрија, ГН на Белгија, ГН на Катар, ГН на САД и ГН на Бразил.

Форматот на викендите со спринтерска трка ќе остане непроменет.

ПретходноТите: И пак да не ја освоиме титулата нема да престанеме да сонуваме
СледноПОТВРДЕНО: Германија му верува, Флик останува селектор