Шокантно: Азар нема веќе да игра за Белгија!

285

Бурно е во репрезентацијата на Белгија. По оставката на селекторот Роберто Мартинез најново е тоа што и капитенот Еден Азар одлучи веќе да не игра за селекцијата на Белгија.

Дојде време да свртам нова страница во својата кариера. Ви благодарам на сите за љубовта и поддршката на сите овие 14 години колку што бев во репрезентацијата. Одлучив да ја завршам својата кариера. Ќе ми недостигате“ напиша покрај другото Азар на социјалните мреежи. Тој долги години беше капитен и предводник на оваа генерација на Белгија која иако важеше за “златна генерација“ сепак не успеа да постигне некој забележителен успех на ЕП или СП, ако не се смета третото место на Мундијалот во Русија.

По оваа одлука на Азар јавноста во Белгија е во шок.

Image

ПретходноРоналдо ги помина новинарите, па испрати порака со која ги воодушеви сите!
СледноБурата продолжува: Роналдо одбил да тренира со резервните играчи на Португалија!