Иако синоќа Португалија блескаше и со 6:1 ја победи Швајцарија се чини дека допрва почнуваат проблемите за селекторот Фернандо Сантош. Тој вчера не го стави меѓу стартерите Роналдо, со што покажа кој е кој во селекцијата, овој негов потег наиде на одобрување кај повеќето фанови. Роналдо влезе во игра во 72.минута и се однесуваше како што се однесуваше. По Сантош удри и неговата Џорџина, но најново е тоа што Роналдо денеска одбил да тренира со оние играчи кои вчера беа резерви, барем така известува Марка.
По наредба на Сантош стартерите денеска тренираа во теретана а резервистите на терен. Роналдо требало да биде во втората група, но тој одбил да тренира на терен и бил заедно со стартерите во теретана.
Останува сега да се види реакцијата на селекторот Сантош.