Валтер: Ова не треба да биде изговор, но бевме премногу уморни!

347

Е.Пелистер на гостувањето кај Бидасоа Ирун беа совладани со убедливи 32-20 запишувајќи го најтешкиот пораз оваа сезона. Ракометарите на македонскиот вицепрвак беа целосно надиграни, а причината за ова тренер Ларс Валтер ја гледа во заморот.

„Честитки на победата за домаќинот. Бевме премногу уморни, а тие играа моќно. На минатите четири средби се соочивме со многу незгодни повреди и тоа ни донесе многу проблеми во тимот. Ова не треба да биде изговор, но овој натпревар ни дојде премногу. Како тренер можам да кажам дека моите играчи го направија она што го можеа на терен. Сега, треба добро да се одмориме и да бидеме целосно спремни за следниот натпревар кој е за седум дена“, заврши Ларс Валтер.

Единствената светла точка во редовите на битолчани на ова гостување беше Марко Кизиќ, кој запиша девет одбрани, сите во второто полувреме.

„Се согласувам со сè што кажа тренерот. Имавме проблеми, но и покрај тоа требаше да одиграме подобро. Најдобрата опција за нас е сега да научиме од грешките и да се фокусираме на следниот натпревар кој што ни доаѓа за седум дена“, рече Кизиќ.

Е.Пелистер за една недела на домашен терен ќе има шанса да му се одмазди на шпанскиот тим за поразот.

ПретходноШпанија со антирекорд на Мундијалите
СледноРоналдо со еден потег предизвика „земјотрес“ во Португалија!