Вокер: Треба да го запрам Мбапе и знам како да го направам тоа

260

Десниот бек на Англија, Кајл Вокер зборуваше за претстојниот четвртфинален меч од СП против Франција и за нивната ѕвезда Килијан Мбапе. Напаѓачот на ПСЖ досега постигна пет гола и игра во одлична форма, а Вокер изјави дека го респектира играчот но и знае како да го неутрализира.

Натпреварот не е меѓу Англија и Мбапе, туку меѓу Англија и Франција. Ќе му ја дадеме потребната почит на Мбапе, но нема да му постелиме црвен тепих за тој да помине и да ни даде гол. Оваа игра е живот и смрт затоа што ако изгубиме си одиме дома. Разбирам што треба да направам. Морам да го запрам Мбапе. Веројатно е полесно да се каже отколку да се направи, но јас не се потценувам себеси. Претходно сум се спротивставил на одлични играчи, така што ова ќе биде само уште еден таков натпревар. Ќе му покажам почит што го заслужува, но не премногу затоа што ова е Англија. Ниту еден играч не прави тим сам. Тоа не е тенис, тоа не е соло спорт“, рече Вокер на денешната прес-конференција.

ПретходноГазета дело Спорт: Јувентус може да биде исфрлен од европските купови
СледноВан Дајк: Не се спремаме за Меси, се спремаме да ја победиме Аргентина