Дани Алвес: Не можеме да мислиме на полуфинале кога не сме таму, Хрватска е сериозна селекција

237

Во петок во четвртфиналето ќе играат Бразил и Хрватск, а победникот ќе се пласира во полуфиналето каде за ривал ќе го има подобриот од Холандија-Аргентина.

Не можеме да мислиме на полуфиналето затоа што се уште сме во четвртфиналето. Ја почитувам Хрватска, пред нас е сериозна селекција со квалитетни играчи. Заслужува да и дадеме 110 отсто внимание“, изјави 39-годишниот бек.

Во осминафиналето Бразил со 4:1 ја победи Јужна Кореја, додека Хрватска по пеналите ја елиминираше Јапонија. Алвес на мечот со Јужнокорејците одигра 28 минути и го запиша 126 настап за Бразил со што го престигна левиот бек Роберто Карлос. Најмногу настапи за Бразил има Кафу кој 142 пати го носел дресот на Бразил.

 

 

ПретходноМитревски одличен, но Порто не успеа да направи сензација против ПСЖ
СледноБританците шокирани: Забраната за настап на руски тенисери ги чини 2 милиони долари