Еве зошто Бернардо Силва не ги прославуваше головите на Португалија!

580

Синоќа Португалија со 6:1 ја декласира Швајцарија. Тоа беше навистина блескав настап на Португалците кои покажаа дека и тоа како имаат намера да се најдат во завршницата на Мундијалот во Катар. По мечот навивачите беа шокирани од фактот дека Роналдо не ја славеше победата заедно со своите соиграчи, но исто така не им беше јасно зошто Бернардо Силва не ги прославуваше головите заедно со своите соиграчи во текот на мечот туку остануваше во теренот кога тие беа надвор од него во таа еуфорија.

Причината била следна, барем така образложија од страна на Фудбалскиот сојуз на Португалија.

Кога при прослава на гол играчите се надвор од теренот мора барем еден да биде во него, како што тоа беше примерот со Бернардо Силва. Во спротивно судијата може да даде знак мечот да продолжи и Швајцарците не би имале никаков проблем да ја погодат празната мрежа на Португалците. Ако има еден играч на теренот, како што беше случајот со Бернардо Силва, тогаш судијата не може да даде знак мечот да продолжи.

Колку паметен потег на играчот на Манчестер Сити. Кога ова го дознаа фановите на португалската репрезентација беа воодушевени од потегот на Бернардо Силва.

Секоја чест.

ПретходноФранцуската легенда е главен кандидат за селектор на Белгија!
СледноМладите женски репрезентации ги добија противниците за следните квалификации во 2023 година