Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино пред самиот финиш на Мундијалот во Катар, очигледно е презадоволен не само од организацијата на исиот туку и од резултатите на мечевите кои се играат.
На турнирот видовме доста изненадувања, испаднаа дел од фаворитите на хартија, а поразени се од ред Бразил, Аргентина, Германија, Шпанија во групната фаза, а дел од нив веќе се и дома.
„Резултатите од првиот круг, ни покажаа дека фудбалот станува сериозно глобален спорт распространет насекаде во светот. Поразите на Аргентина, Бразил, Шпанија, Германија, Франција од репрезентации од Африка и Азија сведочат за тоа. Овој турнир се игра на прекрасни стадиони, во фантастична атмосфера, со многу голови, изненадувања и возбуда. Веќе не може да стане збор за големи и нали репрезентации. Нивото на репрезентациите е изедначено. За тоа сведочи и составот на осминафиналистите, каде што има репрезентации од сите континенти речиси“ – рече Инфантино.