Уште еден македонски интернационалец и репрезентативец прави трансфер во Унгарија, шампионат што очигледно им лежи на нашите фудбалери.
Досегашниот член на ТСЦ Бачка Топола, Мартин Мирчевски се сели во тимот на Хонвед и напролет ќе се обиде да му помогне на овој тим да се издигне од резултатските проблеми кои ги има во моментов.
Мирчевски имаше добра полусезона во Србија, постигна неколку важни голови за тимот, а стигна и до хет трик на еден дуел, а како круна на се, се здоби и со статус на А репрезентативец.
Во домашниот шампионат пак детето на Пелистер, играше и во Победа, Академија Пандев, Вардар и Беласица.