Иако одиграа сосема солиден натпревар, ракометарите на Порто не успеаја да се извлечат од нов пораз на натпреварите во Лигата на шампионите. Вечерва на домашен терен, тимот на нашиот репрезентативен голман Никола Митревски загуби од францускиот првак со 33:35.
Порто одигра извонредно прво полувреме во кое имаше постојана предност. По 30 минути домашените заминаа на пауза со предност од еден гол (17:16), но ПСЖ се созеде во вториот дел и успеа да направи целосен пресврт и да не дозволи вистинска сензација.
Митревски имаше одлично издание и 9 успешни интервенции. Кај Порто најефикасен беше Ареиа со 5 гола, додека кај ПСЖ прв стрелец беше Сипчак со 9 гола.
Во вториот меч вечерва ракометарите на магдебург во финишот го скршија отпорот на дански ГОГ и славеа со 36:34.