Шпанија нема да ја гледаме во четвртфиналето на Светското првенство, откако беше елиминирана од Мароко.
По синоќешниот натпревар сите чекаа да се огласи Серхио Рамос, имаше и такви кои веруваа дека овој искусен дефанзивец ќе се израдува што Шпанија испадна, но се излажаа.
Рамос покажа што го прави одличен капитен и уште еднаш застана покрај својот тим, иако пред неколку недели призна дека е многу вознемирен што нема да игра на Светското првенство.
“Денес сме погорди од кога било на нашето знаме, нашата земја и нашите играчи. Шпанија не губи, Шпанија учи. Шпанија паѓа, се сопнува, но и станува и продолжува напред. Ќе се вратиме уште посилни. Напред Шпанија”, пиша Рамос по поразот од Мароко.
View this post on Instagram