Кристијано Роналдо и за време на Мундијалот во Катар е во центарот на вниманието. Покрај тоа што доби раскин на договорот и го почна првенството како единствен слободен играч, тој направи потези кои не наидоаа на воодушевување од страна на фановите.
Синоќа пред време го напушти теренот додека неговите соиграчи го славеа пласманот во четвртфиналето, а камерите веднаш го уловија. Но, на патот кон соблекувалната со две реченици ги воодушеви сите.
Брзо поминал покрај новинарите не застанал, но на патот кон автобусот испратил порака за Пеле, кој е во лоша здравствена состојба.
„Посакувам брзо опоравување на Пеле, тој е нашиот крај. Дали сакам да го освојам Мундијалот? Секако“, рекол Роналдо и влегол во автобусот на својата репрезентација.
Cristiano ha pasado rápido y de buen humor por zona mixta, saludando a algunos periodistas e incluso haciéndose alguna foto.
Dos mensajes:
“Mis mejores deseos para Pelé. Es nuestro rey”
“¿Si tengo el sueño de ser campeón? ¡Claro que sí!”@marca
— Mario Cortegana (@MarioCortegana) December 6, 2022