Португалија се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство по убедливиот триумф над Швајцарија од 6-1, а во центарот на вниманието се најде Кристијано Роналдо. Тој го почна мечот од клупата за резерви, а по завршување на истиот направи нов непромислен потег.
Дека Роналдо беше разочаран од одлуката да влезе подоцна во мечот говори начинот на кој го напушти теренот. Додека неговите соиграчи го славеа пласманот во четвртфиналето на теренот, тој веднаш замина во соблекувалната.
Cristiano Ronaldo (left of picture) walks straight off while his teammates celebrate with fans. #FIFAWorldCup pic.twitter.com/W7jB6iGQOO
— Adriano Del Monte (@adriandelmonte) December 6, 2022
— GonçaloDias17 (@goncalo_diass17) December 6, 2022
Португалија во четвртфиналето ќе се сретне со Мароко, кој ја елиминираше Шпанија, дуелот се игра во сабота.