Сеп Блатер удри по капитенот: Каде беше Џака на мечот со Португалија!?

1957

Јавноста во Швајцарија и тоа како беше шокирана по оној катастрофален пораз синоќа од Португалија со 1:6. Сите во составот на селекторот Мурат Јакин потфрлија, но се чини најслаб на теренот беше капитенот Гранит Џака.

Па токму затоа некогашниот прв човек на ФИФА, инаку Швајцарец за „Вил24“ во својата колумна покрај другото жестоко го искритикува капитенот:

Како во тенис, Португалија со 6:1 ја победи Швајцарија во првиот сет. Каде беше Гранит Џака? Човекот кој тврди дека е водач и кој е најгласен немаше никакво влијание на теренот на најважниот меч за својата репрезентација“ напиша покрај другото Сеп Блатер.

ПретходноМладите женски репрезентации ги добија противниците за следните квалификации во 2023 година
СледноШкендија замина на зимски одмор, прозивката е закажана за 4 јануари!