И дефинитивно за Шкендија, барем за екипата и струшниот штаб, оваа 2022 година. Со оглед на тоа дека тетовци во последното есенско коло се слободни, фудбалерите добија предвреме едномесечен зимски одмор.
Познато е и кога стартуваат подготовките за Шкендија за пролетниот дел. Имено прозивката е закажана за 4 јануари.
Инаку оваа 2022 година во Шкендија и нема да се памети којзнае колку. Тимот не успеа да ја одбрани титулата од сезоната освоена 2019/2020, а во есенскиот дел од новата сезона 2022/23 Шкендија не одигра според очекувањата и по првата полусезона ќе заврши на третата или четвртата позиција, нешто што за Шкендија секако дека е голем неуспех.
Во текот на летото тетовци за малку не успеаја да се пласираат во плеј – офот во Лигата на Конференции, откако во третото коло беа елиминиерани од АИК и тоа по пенал – серијата. Шкендија на сите шест мечеви во Европа ниту еднаш не беше поразена.