Британците шокирани: Забраната за настап на руски тенисери ги чини 2 милиони долари

398

Британската тениска асоцијација доби казна од 1 милион американски долари од страна на Здружението на тениски професионалци (ATP) поради забраната за учество на руските и белоруските играчи од нејзините настани.

По руската инвазија на Украина, Британците под притисок на британската влада воведе забрана за настап на руски и белоруски спортисти на нивен терен.

Британците имаа пет настани во рамките на АТП турнирите на кои не дозволија настап на тенисери од овие две земји. Од „Се англсикиот клуб“, кој го води Вимблдон, исто така изрекоа забрани за настап на руски и белоруски тенисери на овогодинешното издание на најстариот тениски слем.

Женската тениска асоцијација, исто така, претходно изрече парична казна од 1 милион американски долари.

ПретходноДани Алвес: Не можеме да мислиме на полуфинале кога не сме таму, Хрватска е сериозна селекција
СледноИвановски елиминиран во 1. коло на ИТФ Фјучерсот во Трнава