Кристијано Роналдо откри дали потпишал за Ал Наср!

398

Најчитаниот шпански весник „Марка“ пред два дена ја објави информацијата дека Кристијано Роналдо од 1 јануари ќе стане нов фудбалер на Ал Наср и ќе потпише две и пол годишен договор, со кој ќе стане убедливо најплатениот фудбалер во историјата.

Сепак, како што одминуваат деновите, се поставува прашањето за вистинитоста на она што „Марка“ го пласираше. На таа тема синоќа беше прашан и самиот Роналдо, по пласманот на Португалија во четврт-финалето на Мундијалот:

„Не, тоа не е вистина… Не е вистина“, одговори Кристијано.

Фабрицио Романо како еден од најдобрите трансфер инсајдери во модерниот спорт потврди дека понудата е дефинитивно на маса и вреди 200.000.000 долари по сезона. Договорот е готов, но сè уште ништо не е потпишано.

Португалските медиуми синоќа истакнаа дека парите не се приоритет на Кристијано и дека планира да ја одбие понудата на Ал Наср. Се додава дека приоритет му е да игра во Лигата на шампионите, но добро е познато дека се уште нема добиено покана од ниту една екипа.

Во овој момент главен приоритет е Мундијалот во Катар.

ПретходноДрама во пресметката меѓу Јокиќ и Дончиќ (ВИДЕО)
СледноНовинарите од Србија го пречекаа Шаќири по дебаклот, тој им порача: Ви дадов два гола!